Корона вирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни болести како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Новиот корона вирус (КOВИД-19) за прв пат се појавил во Вухан, Кина, во 2019 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето. Овој курс дава општ вовед во КOВИД-19 и појавата на вируси на дишните патишта и е наменет за вработените во јавното здравство, луѓето кои управуваат со кризни состојби и луѓето кои работат за Обединетите нации, меѓународните организации и невладиниот сектор.
Self-paced
Language: македонски

Course information

The English version of this course is available here: https://openwho.org/courses/introduction-to-ncov

La version française de ce cours est disponible sur : https://openwho.org/courses/introduction-au-ncov

The Simplified Chinese version of the course is available here: https://openwho.org/courses/introduction-to-ncov-ZH

La versión en español de este curso está disponible aquí : https://openwho.org/courses/introduccion-al-ncov

A versão em português do Brasil deste curso encontra-se disponível aqui: https://openwho.org/courses/introducao-ao-ncov

The Arabic version of this course is available here: https://openwho.org/courses/introduction-to-COVID-19-AR

Версию этого курса на русском языке найти можно по этой ссылке: https://openwho.org/courses/introduction-to-COVID-19-RU

Bu kursun Türkçe versiyonuna buradan ulaşabilirisiniz: https://openwho.org/courses/introduction-to-COVID-19-TR

The Persian version of this course is available here: https://openwho.org/courses/introduction-to-COVID-19-FA

Srpska verzija ovog kursa je dostupna ovde: https://openwho.org/courses/introduction-to-COVID-19-SR

The Hindi version of this course is available here: https://openwho.org/courses/introduction-to-COVID-19-HI

Општ преглед: Овој курс претставува општ вовед во појавата на вируси на дишните патишта, вклучувајќи го и КOВИД-19. На крајот на овој курс, треба да можете да ги опишете:

  • Природата на појавата на вируси на дишните патишта, како истите да се откријат и да се направи проценка на избувнувањето на истите, стратегии за спречување и контрола на избувнувањето како резултат на новите вируси на дишните патишта;
  • Кои стратегии треба да се користат при ризично комуницирање и при вклученост на заедницата во откривање, спречување и реакција во критични ситуации на новиот вирус на дишните патишта. Кон секој модул прикачени се ресурси кои ќе ви помогнат со поопширни објаснувања за темата.

Цел: Да се опишат основните принципи на појавата на вируси на дишните патишта и како делотворно да се реагира во случај на избувнување на епидемија.

Времетраење на курсот: Приближно 3 часa.

Сертификација: Сертификати во моментот не се достапни.

Важно:

  • Тимовите на СЗО работат на дополнителни модули кои ќе бидат достапни во текот на следните денови.
  • Ќе бидете известени кога новите модули и видеа ќе бидат достапни. Во моментот, материјалите се нудат во форма на сет слајдови.
  • Во иднина, ќе има и сертификат за курсот, откако ќе се објават сите модули и на секој од нив ќе се додаде квиз.

Преведено на македонски јазик од Emerging respiratory viruses, including COVID-19: methods for detection, prevention, response and control, 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење. Овој превод не е верифкуван од страна на СЗО. Намената на овој ресурс е насочена само кон учење.

Course contents

  • Појава на вируси на дишните патишта, вклучувајќи го и КOВИД-19: Вовед:

    Овој краток вовед дава општ преглед за појават на вируси на дишните патишта, вклучително и КOВИД-19 вирусот.
  • Модул А: Вовед во појавата на вируси на дишните патишта, вклучувајќи го и КOВИД-19:

    Општа цел: Да може да се објасни зошто појавата на вирус на дишните патишта, вклучувајќи го и КOВИД-19 претставува опасност за човечкото здравје
  • Модул Б: Откривање на појавата на вируси на дишните патишта, вклучувајќи го и КOВИД-19: Надзор и Лабораториски испитувања:

    Општа цел: Да се опише како да се открие и да се направи проценка на избувнувањето на вирусна појава на дишните патишта
  • Модул В: Ризично комуницирање и Вклученост на заедницата:

    Општа цел: Да се опише какви стратегии се потребни за ризично комуницирање и за вклученост на заедницата при откривање, спречување и реакција на КOВИД-19
  • Модул Г:Спречување и реагирање на појавата на вируси на дишните патишта :

    Општа цел: да се опишат стратегиите за спречување и контрола на појава при епидемија на вируси на дишните патишта

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Your request has been sent to our support team, and will be answered as soon as possible.

Thank You!

Oops something went wrong.

Back