课程已归档
Овој курс располага со насоки за тоа што треба да прават здравствените установи со цел да бидат подготвени да реагираат на појавата на вирус на дишните патишта како што е новиот корона вирус, како да идентификуваат случај кога тој ќе се појави, и како соодветно да имплементираат СКИ мерки со цел сигурно да се оневозможи понатамошно ширење кон здравствените работници или други пациенти и други лица во здравствената установа.
Оваа обука е наменета за здравствени работници и експерти за јавно здравје, бидејќи се фокусира на спречување и контрола на инфекцијата.
Имајте предвид: Овие материјали последен пат беа ажурирани на 18.01.2022. За најновите насоки, консултирајте ја англиската верзија на курсот.
Овој курс веќе е архивиран. За да пристапите до курсеви кои ги одразуваат најновите технички насоки на СЗО за контрола на инфекции во контекст на COVID-19, пристапете до нашиот нов ажуриран курс овде..
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - русский - 日本語 - français - Bahasa Indonesia - Español - Português - Italiano - српски језик - 中文 - Türkçe - język polski - Tiếng Việt - العربية - Nederlands - Tetun - বাংলা - فارسي - Soomaaliga -සිංහල -ภาษาไทย -தமிழ் - Казақ тілі - ქართული ენა
Општ преглед: Овој курс ги опфаќа СКИ (Спречување и контрола на инфекцијата) мерките кои се потребни за:
За секој модул прикачени се ресурси кои ќе ви помогнат со поопширни објаснувања за темата.
Цели:
По завршувањето на овој курс, ќе можете:
Времетраење на курсот: Приближно 1 час.
Сертификација: Потврда за учество е достапна за учесниците кои завршуваат 100% од материјалот на курсот.
Доколку по завршувањето на овој курс сте заинтересирани да добиете повеќе информации за правилно ставање и отстранување на опремата за лична заштита (ОЛЗ) во контекст на КОВИД-19, посетете го курсот на OpenWHO "КОВИД-19: Како се става и отстранува опремата за лична заштита (ОЛЗ)": https://openwho.org/courses/IPC-PPE-MK
Повеќе информации за правилно одржување хигиена на раце можете да најдете на курсот на OpenWHO (на англиски): https://openwho.org/courses/IPC-HH-en
Преведено на македонски јазик од Infection Prevention and Control (IPC) for COVID-19 Virus, 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.
Овој превод не е верифкуван од страна на СЗО. Намената на овој ресурс е насочена само кон учење.