Спречување и Контрола на Инфекцијата (СКИ) за вирусот КОВИД-19
Овој курс располага со насоки за тоа што треба да прават здравствените установи со цел да бидат подготвени да реагираат на појавата на вирус на дишните патишта како што е новиот корона вирус, како да идентификуваат случај кога тој ќе се појави, и како соодветно да имплементираат СКИ мерки со цел сигурно да се оневозможи понатамошно ширење кон здравствените работници или други пациенти и други лица во здравствената установа. Оваа обука е наменета за здравствени работници и експерти за јавно здравје, бидејќи се фокусира на спречување и контрола на инфекцијата.
Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - русский - 日本語 - français - Bahasa Indonesia - Español - Português - Italiano - српски језик - 中文 - Türkçe - język polski - Tiếng Việt - العربية - Nederlands - Tetun

Општ преглед: Овој курс ги опфаќа СКИ (Спречување и контрола на инфекцијата) мерките кои се потребни за:

  • Да бидете поготвени и спремни да реагирате во случај на избувнување на епидемија, особено онаа како резултат на КОВИД-19.
  • Да ја ограничите човечката трансмисија преку имплементирање на препорачаните СКИ интервенции од страна на СЗО.
  • Да идентификувате, изолирате и известите за можни и потврдени случаи.

За секој модул прикачени се ресурси кои ќе ви помогнат со поопширни објаснувања за темата.

Цели:

По завршувањето на овој курс, ќе можете:

  • да ги дефинирате СКИ и нивната улога во контекст на подготвеност, спремност и реакција;
  • да ја опишете моменталната епидемиолошка ситуација со КОВИД-19, вклучувајќи и дефиниции за случај и знаци & симптоми;
  • да ја опишете контролата на изворот, административната контрола и контрола на околината и при ракувањето со медицинските уреди и материјали;
  • да ги опишете препорачаните СКИ мерки од страна на СЗО во однос на здравствените установи, вклучувајќи и справување со можни или потврдени КОВИД-19 случаи;
  • да ги опишете дополнителните СКИ мерки кои се преземаат за дополнителна помош при општата подготвеност во рамките на здравствената установа.

Времетраење на курсот: Приближно 1 час.

Сертификација: Потврда за учество е достапна за учесниците кои завршуваат 100% од материјалот на курсот.

Доколку по завршувањето на овој курс сте заинтересирани да добиете повеќе информации за правилно ставање и отстранување на опремата за лична заштита (ОЛЗ) во контекст на КОВИД-19, посетете го курсот на OpenWHO "КОВИД-19: Како се става и отстранува опремата за лична заштита (ОЛЗ)": https://openwho.org/courses/IPC-PPE-MK

Повеќе информации за правилно одржување хигиена на раце можете да најдете на курсот на OpenWHO (на англиски): https://openwho.org/courses/IPC-HH-en

Преведено на македонски јазик од Infection Prevention and Control (IPC) for COVID-19 Virus, 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Овој превод не е верифкуван од страна на СЗО. Намената на овој ресурс е насочена само кон учење.

Course contents

  • Модул 1: Подготвеност, спремност и СКИ:

    Овој модул дава еден општ преглед на мерките за подготвеност и спремност во однос на Спречувањето и Контролата на Инфекцијата.
  • модул 2: Вирус КОВИД-19:

    модул 2 нѐ воведува во новиот корона вирус (КОВИД-19).
  • Модул 3: СКИ во контекст на КОВИД-19 Стандардни мерки на претпазливост, претпазливост при трансмисија & посебни препораки при КОВИД-19:

    овој модул ни дава преглед за различните мерки на претпазливост кои треба да се преземат со цел подготовка и реакција на КОВИД-19.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now
Learners enrolled: 1067

Certificate Requirements

  • Gain a confirmation of participation by completing at least 100% of the course material.

Your request has been sent to our support team, and will be answered as soon as possible.

Thank You!

Oops something went wrong.

Back