课程进行中

Постапување во клинички услови со болни од КОВИД-19 – рехабилитација на болни од КОВИД-19

提供者 OpenWHO
Постапување во клинички услови со болни од КОВИД-19 – рехабилитација на болни од КОВИД-19

Низата од курсеви за постапување во клинички услови со болни од КОВИД-19 е наменeта за здравствени работници за време на пандемијата на КОВИД-19. Обуката дава многу важни информации неопходни за пружање безбедна, делотворна и квалитетна нега на болните. Презентациите се осврнуваат на сите аспекти од постапувањето со болните во клинички услови, вклучувајќи теми како што се: подготовки на установата и планирање за случаи на голем наплив на пациенти одеднаш; превенција и контрола на заразување на здравствени работници; трансфер на пациенти меѓу установи; постапување во клинички услови со пациенти со лесна, средна и тешка клиничка слика на КОВИД-19; посебен осврт на геријатриските, бремените и педијатриските болни од КОВИД-19; рехабилитација; етика и палијативна нега.

Обуката се состои од шест курса, со видео предавања и Power Point презентации во кои се содржани најнови упатства и докази. Секој модул се состои од 5-8 предавања, а секое предавање содржи квиз за проверка на наученото.

Овие материјали беа лансирани на 13.01.2021 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со СОВИД-19 постојано се развиваат, материјалите од овој курс се застарени. Овој курс е во процес на ревизија. Во меѓувреме, погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.

WHO / Blink Media - Martyn Aim

自学
语言: македонски
COVID-19

课程信息

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Français - Shqip - 中文 - Русский - Українська - Հայերեն

Преглед: Oбуката за клинички менаџмент на пациентите со КОВИД-19 е посветенa на темата рехабилитација на болните од КОВИД-19. Седумте модули во рамките на оваа обука се осврнуваат на бројните и разновидни потреби на пациентите кои закрепнуваат од КОВИД-19 во делот на рехабилитацијата, вклучувајќи ги и пациентите со когнитивнi нарушувањa, влошено физичко здравје и слабост, респираторнi нарушувањa, проблеми со голтањето и комуникациско нарушување. Направен е осврт и на предизвиците во делот на извршувањето на секојдневните животни активности и на техниките за рехабилитација.

Ако сте заинтересирани да научите повеќе за другите аспекти од постапувањето во клинички услови со болни од КОВИД-19, погледнете ја серијата обуки на оваа тема на следниов сајт:

Цели – што сакаме да научат слушателите:

На крајот од обуката, учесниците треба да станат способни за следново:

  • Да ја разбираат улогата на рехабилитацијата во справувањето со здравствените нарушувања предизвикани од COVID-19;
  • Да ја опишат етиологијата на неколку нарушувања поврзани со рехабилитацијата на болните од КОВИД-19;
  • Да знаат кого и кога да го проценуваат од аспект на потреби од рехабилитација;
  • Да им даваат совети и едукација на пациентите и нивните семејства; и
  • Да советуваат околу начините за пружање помош на пациентите и нивните семејства за справување со здравствените нарушувања предизвикани од КОВИД-19.

Времетраење на обуката: за да се помине обуката потребни се отприлика 3 часа.

Сертификати: Уверение за постигнување ќе им се даде на учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број поени достапни преку сите квизови. Уверение за учество ќе им се додели на учесниците кои ќе поминат најмалку 80% од градивото. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Преведено на македонски јазик од Clinical management of patients with COVID-19 - Rehabilitation of patients with COVID-19, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

课程内容

  • Модул 1: Рехабилитација на болните од КОВИД-19: преглед:

    На крајот од овој модул за обука ќе можете: да ги опишете потенцијалните потреби од рехабилитација во текот на лечењето на пациентот во и надвор од установата; да ги препознаете мултидисциплинарните придонеси за акутната и пост-акутната рехабилитација; да ги наведете потенцијалните предизвици и ризиците поврзани со рехабилитацијата на пациентите со КОВИД-19 и стратегиите за постапување по истите.
  • Модул 2: Рехабилитација на болните од КОВИД-19: когнитивно нарушување:

    На крајот на овој модул за обука ќе можете да: ja опишете етиологијата на когнитивните нарушувања во контекст на КОВИД-19; ќе знаете за кого и кога да го оцените неговото когнитивно нарушување; да обезбедите Информирање и совети за пациентите и нивните семејства со когнитивно нарушување, да дадете совети за стратегиите да им се помогне на пациентите и на нивните семејства да се справат со когнитивното нарушување.
  • Модул 3: Рехабилитација на болните од КОВИД-1919: влошено физичко здравје и слабост:

    На крајот на овој модул за обука ќе можете: да ја опишете етиологијата на физичкото декондиционирање и слабоста на мускулите во контекст на КОВИД-19; ќе знаете кој и кога треба да се процени во однос на физичкото декондиционирање; ќе можете да обезбедите едукација и совети за пациентите и нивните семејство во врска со физичкото декондиционирање; ќе можете да дадете совети за рехабилитациските интервенции за пациентите со физичко декондиционирање.
  • Модул 4: Рехабилитација на болните од КОВИД-19: респираторно нарушување:

    По завршувањето на овој модул за обука, ќе можете да ја: опишете етиологијата на намалената белодробна функција поврзана со КОВИД-19; ќе знаете кај кого и кога да процените целосно намалена функција, ќе можете да ги едуцирате и советувате пациентите со нарушена белодробна функција и нивните; емејства. ќе можете да ги советувате пациентите со нарушена белодробна функција за процесот на рехабилитација
  • Модул 5: Рехабилитација на болните од КОВИД-19: проблеми со голтање:

    По завршувањето на овој модул за обука, ќе можете да: ја опишете етиологијата на потенцијалното отежнато голтање, познато како дисфагија, поврзано со КОВИД-19; ќе знаете кога да процените отежнато голтање; ќе можете да ги информирате и советувате пациентите со отежнато голтање и нивните семејства , ќе можете да обезбедите совети и стратегии за да им помогнете на пациентите и нивните семејства да се справат со дисфагијата.
  • Модул 6: Рехабилитација на болните од КОВИД-19: комуникациско нарушување:

    По завршувањето на ова предавање, ќе можете: да ја опишете потенцијалната етиологија на отежнато комуницирање, поврзани со КОВИД-19; ќе знаете како и кога да процените отежнато комуницирање; ќе можете да ги едуцирате и советувате пациентите со отежнато комуницирање и нивните семејства, ќе можете да обезбедите совети за стратегии за да им помогнете на пациентите и нивните семејства да се справат со тешкотиите при комуницирање.
  • Модул 7: Рехабилитација на болните од КОВИД-19: секојдневни животни активности (СЖА):

    По завршувањето на овој модул, ќе можете да: Ги опишете различните ризични фактори кои потенцијално придонесуваат кон тешкотии при вршење СА во однос на КОВИД-19; Знаете кому ќе му користи процената на СА; Обезбедите информации и совети за пациентите и нивните семејства во однос на СА Овозможите стратегии за зачувување енергија, Ги опишете можните измени во опкружувањето потребни за подобрување на вршењето СА.

订阅本课程

该课程是免费的。 只需在OpenWHO上注册一个帐户并参加课程!
现在注册吧

证书要求

  • 课程证书 授予者需要至少取得课程总分的百分之 80%
  • 参与证明 授予者需要至少学习了所有课程资料的百分之 80%
  • 完成课程可获得开放徽章