Course is available
Низата од курсеви за постапување во клинички услови со болни од КОВИД-19 е наменeта за здравствени работници за време на пандемијата на КОВИД-19. Обуката дава многу важни информации неопходни за пружање безбедна, делотворна и квалитетна нега на болните. Презентациите се осврнуваат на сите аспекти од постапувањето со болните во клинички услови, вклучувајќи теми како што се: подготовки на установата и планирање за случаи на голем наплив на пациенти одеднаш; превенција и контрола на заразување на здравствени работници; трансфер на пациенти меѓу установи; постапување во клинички услови со пациенти со лесна, средна и тешка клиничка слика на КОВИД-19; посебен осврт на геријатриските, бремените и педијатриските болни од КОВИД-19; рехабилитација; етика и палијативна нега.
Обуката се состои од шест курса, со видео предавања и Power Point презентации во кои се содржани најнови упатства и докази. Секој модул се состои од 5-8 предавања, а секое предавање содржи квиз за проверка на наученото.
Овие материјали беа лансирани на 13.01.2021 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со СОВИД-19 постојано се развиваат, материјалите од овој курс се застарени. Овој курс е во процес на ревизија. Во меѓувреме, погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.
WHO / Blink Media - Martyn Aim
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - Français - Shqip - 中文 - Русский - Українська - Հայերեն
Преглед: Oбуката за клинички менаџмент на пациентите со КОВИД-19 е посветенa на темата рехабилитација на болните од КОВИД-19. Седумте модули во рамките на оваа обука се осврнуваат на бројните и разновидни потреби на пациентите кои закрепнуваат од КОВИД-19 во делот на рехабилитацијата, вклучувајќи ги и пациентите со когнитивнi нарушувањa, влошено физичко здравје и слабост, респираторнi нарушувањa, проблеми со голтањето и комуникациско нарушување. Направен е осврт и на предизвиците во делот на извршувањето на секојдневните животни активности и на техниките за рехабилитација.
Ако сте заинтересирани да научите повеќе за другите аспекти од постапувањето во клинички услови со болни од КОВИД-19, погледнете ја серијата обуки на оваа тема на следниов сајт:
Цели – што сакаме да научат слушателите:
На крајот од обуката, учесниците треба да станат способни за следново:
Времетраење на обуката: за да се помине обуката потребни се отприлика 3 часа.
Сертификати: Уверение за постигнување ќе им се даде на учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број поени достапни преку сите квизови. Уверение за учество ќе им се додели на учесниците кои ќе поминат најмалку 80% од градивото. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
Преведено на македонски јазик од Clinical management of patients with COVID-19 - Rehabilitation of patients with COVID-19, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.