You are not enrolled for this course.

Course is available

Стандардни мерки на претпазливост: хигиена на раце

Offered by OpenWHO
Стандардни мерки на претпазливост: хигиена на раце

Најголем дел од инфекциите асоцирани со здравствена нега може да се превенираат со добра хигиена на рацете – чистење на рацете во право време и на прав начин. Упатствата на СЗО за хигиена на раце при здравствена нега се во насока на промовирање и унапредување на хигиената на рацете во здравствените установи насекаде низ светот и се надополнети со мултимодалната стратегија на СЗО за подобрување на хигиената на раце, водичот за спроведување и комплетот алатки за спроведување, каде се содржани голем број готови практични алатки. Овој модул е изработен со цел да се резимираат упатствата на СЗО за хигиена на раце, поврзаните алатки и идеите за ефективно спроведување.

Ве молиме имајте предвид: овие материјали последен пат беа ажурирани на 18/01/2022.

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English- français - Português - العربية - Русский - Español - 中文 - Nederlands - Soomaaliga - Türk - සිංහල- தமிழ் - Shqip -Tetun - қазақ тілі - Հայերեն - ქართული ენა

Преглед: Рацете на здравствените работници играат клучна улога во одржување на безбедноста на пациентите. Доколку здравствените работници не ги чистат рацете во вистински момент и со примена на соодветни методи, тие може преку своите раце да пренесат микроорганизми кои предизвикуваат инфекција од еден пациент на друг. Водењето хигиена на рацете во клучни моменти е важна интервенција во здравствената заштита. Хигиената на рацете го намалува преносот на микроорганизми (вклучително и оние кои се резистентни на антибиотици), ја зголемува безбедноста на пациентот и ги намалува инфекциите асоцирани со здравствена нега. Ефективната, навремена хигиена на рацете е основа за превенција и контрола на инфекции.

Цели на учењето: По завршувањето на курсот, учесниците треба да бидат во можност да:

  • ја опишат хигиената на раце како клучна компонента во превенцијата и контролата на инфекции;
  • ги идентификуваат 5-те моменти на хигиена на раце;
  • дискутираат за користењето на ракавици и хигиената на раце при активности за нега на пациенти;
  • да демонстрираат како правилно се мијат раце со сапун и вода според методот препорачан од СЗО;
  • да демонстрираат како правилно се одржува хигиена на раце со алкохолно средство за дезинфекција на раце (АСД) според методот препорачан од СЗО;
  • дискутираат за клучните прашања и аспекти поврзани со хигиената на раце во здравствените установи.

времетраење на курсот: околу 1 час.

Сертификат: Учесниците кои точно ќе одговорат на најмалку 70% од прашањата на контролниот тест ќе добијат Признаница. Имате неограничен број обиди за положување на тестот. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Преведено на македонски јазик од Standard precautions: Hand Hygiene, 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Record of Achievement by earning at least 70% of the maximum number of points from all graded assignments.
  • Gain an Open Badge by completing the course.