Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - Português - Español - Kiswahili
Краток преглед: Во контекст на пандемијата со КОВИД-19, условите за работа на здравствените лица може да се влошат. Освен ризикот од инфекција со КОВИД-19, здравствените работници и понатаму се соочуваат со други безбедносни и здравствени ризици од биолошка, физичка и психосоцијална природа. Поради тоа, за заштита на нивното физичко и ментално здравје, нивна безбедност и добросостојба, СЗО препорачува комбинација на мерки за спречување и контрола на инфекцијата, безбедност и заштита на работното место, како и психосоцијална поддршка.
Здравствените работници кои работат на справување со пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност. Такви ризици се: инфекција со КОВИД-19, болест и трансмисија на други лица; замор од повеќечасовна работа и преоптеретеност, недоволно спиење или одмор, дехидратација и несоодветна исхрана; мускулоскелетни повреди од кревање пациенти и тешки предмети, повеќечасовно работење со употреба на опрема за лична заштита која може да предизвика топлотен стрес, оштетување на кожата и слузницата; насилство и осуда на работното место, како и мноштво ментални проблеми со здравјето, емоционални нарушувања и исцрпеност од работа.
Целна група на овој курс се здравствените работници, менаџерите за справување со кризни состојби, надредените лица и лицата од административната служба кои изготвуваат политики и протоколи за работата на нивните здравствени установи.
Цели: До крајот на овој курс, учесниците треба да знаат:
Времетраење на курсот: Приближно 1 час.
Сертификати: Сертификат како Потврда за усшешно завршен курс ќе биде достапен за учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број на поени во текот на сите квизови.
Преведено на македонски јазик од Occupational health and safety for health workers in the context of COVID-19, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски јазик, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.