Course is available
На сите здравствени работници им е потребно знаење и вештини со цел да се заштитат себеси и другите од безбедносните ризици со кои се соочуваат, така што ќе можат да работат безбедно и ефикасно. Овој курс се состои од пет дела кои ќе одговорат на овие потреби:
Photo credit: WHO/P.Phutpheng
Овие материјали беа лансирани на 31.08.2020 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со COVID-19 постојано се развиваат, ве молиме погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - Português - Español - Kiswahili - Bahasa Indonesia - Nederlands - 日本語 -Казақ тілі - български - Français -Türkçe
Краток преглед: Во контекст на пандемијата со КОВИД-19, условите за работа на здравствените лица може да се влошат. Освен ризикот од инфекција со КОВИД-19, здравствените работници и понатаму се соочуваат со други безбедносни и здравствени ризици од биолошка, физичка и психосоцијална природа. Поради тоа, за заштита на нивното физичко и ментално здравје, нивна безбедност и добросостојба, СЗО препорачува комбинација на мерки за спречување и контрола на инфекцијата, безбедност и заштита на работното место, како и психосоцијална поддршка.
Здравствените работници кои работат на справување со пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност. Такви ризици се: инфекција со КОВИД-19, болест и трансмисија на други лица; замор од повеќечасовна работа и преоптеретеност, недоволно спиење или одмор, дехидратација и несоодветна исхрана; мускулоскелетни повреди од кревање пациенти и тешки предмети, повеќечасовно работење со употреба на опрема за лична заштита која може да предизвика топлотен стрес, оштетување на кожата и слузницата; насилство и осуда на работното место, како и мноштво ментални проблеми со здравјето, емоционални нарушувања и исцрпеност од работа.
Целна група на овој курс се здравствените работници, менаџерите за справување со кризни состојби, надредените лица и лицата од административната служба кои изготвуваат политики и протоколи за работата на нивните здравствени установи.
Цели: До крајот на овој курс, учесниците треба да знаат:
Времетраење на курсот: Приближно 1 час.
Сертификати: Сертификат како Потврда за усшешно завршен курс ќе биде достапен за учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број на поени во текот на сите квизови. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Преведено на македонски јазик од Occupational health and safety for health workers in the context of COVID-19, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски јазик, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.