Заштита и безбедност при работа кај здравствени работници во контекст на КОВИД-19
На сите здравствени работници им е потребно знаење и вештини со цел да се заштитат себеси и другите од безбедносните ризици со кои се соочуваат, така што ќе можат да работат безбедно и ефикасно. Овој курс се состои од пет дела кои ќе одговорат на овие потреби: - Вовед - Модул 1: Заштита и безбедност при работа од ризични инфекции - Модул 2: Заштита и безбедност при работа од физички ризици - Модул 3: Заштита и безбедност при работа од психосоцијални ризици - Модул 4: Основни мерки за заштита и безбедност при работа во здравство. *Photo credit: WHO/P.Phutpheng*
Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Português - Español - Kiswahili

Краток преглед: Во контекст на пандемијата со КОВИД-19, условите за работа на здравствените лица може да се влошат. Освен ризикот од инфекција со КОВИД-19, здравствените работници и понатаму се соочуваат со други безбедносни и здравствени ризици од биолошка, физичка и психосоцијална природа. Поради тоа, за заштита на нивното физичко и ментално здравје, нивна безбедност и добросостојба, СЗО препорачува комбинација на мерки за спречување и контрола на инфекцијата, безбедност и заштита на работното место, како и психосоцијална поддршка.

Здравствените работници кои работат на справување со пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност. Такви ризици се: инфекција со КОВИД-19, болест и трансмисија на други лица; замор од повеќечасовна работа и преоптеретеност, недоволно спиење или одмор, дехидратација и несоодветна исхрана; мускулоскелетни повреди од кревање пациенти и тешки предмети, повеќечасовно работење со употреба на опрема за лична заштита која може да предизвика топлотен стрес, оштетување на кожата и слузницата; насилство и осуда на работното место, како и мноштво ментални проблеми со здравјето, емоционални нарушувања и исцрпеност од работа.

Целна група на овој курс се здравствените работници, менаџерите за справување со кризни состојби, надредените лица и лицата од административната служба кои изготвуваат политики и протоколи за работата на нивните здравствени установи.

Цели: До крајот на овој курс, учесниците треба да знаат:

  • да ги опишат најчестите ризици по здравјето и безбедноста на кои се изложени здравствените работници на работното место додека се вклучени во активности во контекст на пандемијата на КОВИД-19;
  • да ги опишат правата на здравствените работници во однос на пристојни работни услови;
  • да опишат како се применуваат мерките за заштита на нивното здравје и безбедност и активно да предлагаат начини за истите да се подобрат; и
  • пристап до и примена на услуги за поддршка во однос на заштитата на здравјето и безбедноста на здравствените работници.

Времетраење на курсот: Приближно 1 час.

Сертификати: Сертификат како Потврда за усшешно завршен курс ќе биде достапен за учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број на поени во текот на сите квизови.

Преведено на македонски јазик од Occupational health and safety for health workers in the context of COVID-19, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски јазик, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.

Course contents

  • Вовед:

    Овој воведен модул нуди преглед на заштитата на здравјето и безбедноста на работното место во контекст на КОВИД-19.
  • Модул 1: Заштита и безбедност при работа од ризични инфекции:

    До крајот на овој модул, треба да знаете да: објасните како здравствените работници може да бидат изложени на опасност од инфекција; да опишете како се пренесуваат респираторните инфекции и патогените од крвта кај здравствените работници; и да ги опишете чекорите што може да ги преземат здравствените работници со цел да се заштитат од респираторни инфекции: стандардните мерки на претпазливост и контролните мерки за спречување на различни инфекции.
  • Модул 2: Заштита и безбедност при работа од физички ризици:

    До крајот на овој модул, треба да знаете да: ги наброите главните ризик фактори за мускулоскелетни нарушувања во секторот здравје; да ги опишете најризичните активности при справување со пациенти; и да ги опишете главните видови на опасност на работното место со кои се соочуваат здравствените работници и како истите да се спречат.
  • Модул 3: Заштита и безбедност при работа од психосоцијални ризици:

    До крајот на овој модул, треба да знаете да: ги наброите главните извори на психосоцијални ризици за здравствените работници; да ги опишете знаците на замор и како истите да се спречат; да се опишат ризик факторите, знаците и превентивните мерки за насилство на работното место; и да опишете како здравствените работници и менаџерите може да се заштитат и да го поддржат менталното здравје.
  • Модул 4: Основни мерки за заштита и безбедност при работа во здравство:

    До крајот на овој модул, треба да знаете да: ги опишете одговорностите на работодавците и менаџерите во однос на заштитата и безбедноста на работното место и да опишете активности кои може да се преземат од страна на здравствените работници со цел да се промовира безбедноста и заштитата на работното место.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a record of achievement by earning at least 80% of the maximum number of points from all graded assignments.