Cours est disponible
Овој курс ќе ги опреми клиничарите што често препишуваат антимикробни средства со знаење и алатки за подобрување на употребата на овие важни лекови во секојдневната клиничка практика. Користејќи примери од практиката, курсот покажува како можат да се применат принципите на контролата на антимикробната резистенција во вообичаени клинички сценарија. Прво ќе ги разгледаме основните клинички информации што се неопходни за мудро користење антимикробни средства. Потоа ќе илустрираме како можат клиничарите да го искористат ова знаење во третманот на пациенти со вообичаени инфекции преку придржување до петте основни компетенции за соодветното препишување антимикробни средства. Овој курс ќе обезбеди рамка за пристап до секој клинички контакт од перспектива на борбата против антимикробната резистенција. Се надеваме дека ќе ви помогне во вашата работа и ќе ве инспирира да бидете предводник во контролата на антимикробната резистенција.
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - français - Italiano - Русский - Español - Türkçe
Преглед: Добредојдовте на отворениот онлајн-курс “Контрола на антимикробната резистенција: пристап заснован на компетентност“. Антибиотиците се лекови што спасуваат животи, а нивното откритие е едно од најважните достигнувања во 20. век. Сепак, има сѐ повеќе податоци што покажуваат дека злоупотребата на антимикробни средства е широко распространета во сите области на здравството. Оваа злоупотреба придонесува за појава на мултирезистентни организми, кои се закануваат да поткопаат многу од најважните медицински достигнувања во минатиот век. За да ја зачуваме корисноста на овие лекови што спасуваат животи, сите ние мораме да ги користиме антибиотиците мудро. „Контролата на антимикробната резистенција“ се однесува на интервенции за промовирање оптимална употреба на антибиотски средства, вклучувајќи ги и изборот на лек, дозирањето и начинот и времетраењето на примената. За да се одговори на антимикробната резистенција, сите клиничари мораат да станат чувари на антимикробните средства со тоа што ќе ги препишуваат соодветно и ќе ги едуцираат своите пациенти и колеги за правилната употреба на овој сè поредок медицински ресурс. Во овој сет од 14 модули, прво ќе ги разгледате основните клинички знаења што се неопходни за мудро користење антимикробни средства (модули A до Д). Потоа, ќе илустрираме како можат клиничарите да го вклучат ова знаење во својата секојдневна работа со помош на вообичаени клинички сценарија (модули Ѓ до Л).
Цели за учење: До крајот на овој курс учесниците треба да ги разберат основните компетенции за контрола на антимикробната резистенција и да ги применат во секојдневни клинички сценарија.
Времетраење на курсот: Околу 8 часа.
Сертификати: Потврда за учество се нуди на крајот на курсот.
Одрекување од одговорност: Овој курс не е наменет да го замени клиничкото расудување и потребата да се побара совет од специјалисти за заразни болести или за микробиологија, особено за дискусија и евалуација на сложени случаи или за евалуација на пациенти чии клинички аспекти се надвор од опсегот на повеќето упатства. СЗО изречно отфрла одговорноста за каква било штета, загуба, повреда или одговорност настаната како резултат на вашето потпирање на информации содржани во овој курс. СЗО не одобрува конкретно кој било тест, упатство, третман или процедура спомената во овој курс*
Преведено на македонски јазик од документот Контрола на антимикробната резистенција: Antimicrobial Stewardship: A competency-based approach, 2017. СЗО не е одговорна за содржината или точноста на преводот. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната англиска верзија е обврзувачка и автентична верзија. Овој превод не е потврден од страна на СЗО. Овој ресурс е наменет само за цели на поддршка на учењето.