КОВИД-19: Како се става и отстранува опремата за лична заштита (ОЛЗ)

Ова е водич за здравствени работници кои се вклучени во активности за нега на пациенти во здравствени установи. Целта на курсот е да се прикаже типот на орепма за лична заштита која е потребна за истите соодветно да се заштитат. Врз основа на доказите кои ги имаме на располагање во моментот, препорачаната ОЛЗ за нега на пациенти со КОВИД од страна на СЗО се однесува на мерки на претпазливост при КОНТАКТ и СИТНИ КАПКИ, со исклучок на процедурите при кои се создаваат аеросоли, каде се потребни мерки на претпазливост при КОНТАКТ и АЕРОБНИ мерки на претпазливост (оттука следува и респираторна маска како N95, FFP2, FFP3). Треба да се земе во предвид дека ОЛЗ претставува дел од пообемен спектар на мерки за спречување и контрола на инфекцијата и треба да се применува како дел од една мултимодална стратегија за раководење на пациенти болни од КОВИД-19. Само на болничкиот персонал кој е обучен и компетентен да ја користи ОЛЗ треба да му биде дозволен пристап во собата на пациентот.

Овие материјали беа лансирани на 15.04.2020 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со COVID-19 постојано се развиваат, ве молиме погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - العربية - Shqip - français - ภาษาไทย - Português - Español - Nederlands - 中文 - Tetun - Русский - Soomaaliga - Türk- සිංහල - தமிழ் - Казақ тілі

Краток преглед: Ова е водич за здравствени работници кои се вклучени во активности зa нега на пациентите во здравствени установи. Целта е да се прикаже типот на опремата за лична заштита или ОЛЗ која е потребна за соодветна заштита на здравствените работници. Врз основа на расположливите докази, препорачаната ОЛЗ за нега на пациенти со КОВИД од страна на СЗО се однесува на мерки на претпазливост при КОНТАКТ и СИТНИ КАПКИ, со исклучок на процедурите при кои се создаваат аеросоли, а кај кои се потребни мерки на претпазливост при КОНТАКТ и АЕРОБНИ мерки на претпазливост (оттука и употребата на респираторна маска како N95, FFP2, FFP3). Треба да се земе во предвид дека ОЛЗ претставува дека од пообемен спектар на мерки за спречување и контрола на инфекцијата и треба да се применува како дел од една мултимодална стратегија за раководење на пациенти болни од КОБИД-19. Само на болничкиот персонал кој е обучен и компетентен за употреба на ОЛЗ треба да му биде дозволен пристап во собата на пациентот

Општи цели: На крајот на овој курс, учесниците ќе можат:

  • да покажат како правилно се става и отстранува ОЛЗ; и
  • да покажат како правилно се изведува чистење на раце со алкохолно средство за дезинфекција (АСД), согласно препорачаниот метод на СЗО.

Времетраење: Околу 15 минути.

Серификатт: Сертификат за потврда за учество е достапен за учесниците кои завршуваат 100% од материјалот на курсот.

По завршувањето на овој курс, доколку сте заинтересирани да научите повеќе за другите аспекти на превенција и контрола на инфекција во контекст на СОВИД-19, погледнете во серијалот на курсевите OpenWHO: https://openwho.org/courses?q=IPC

Преведено на македонски од How to put on and remove personal protective equipment (PPE), 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.

Course contents

  • Модул 1: Водич за ставање и отстранување на ОЛЗ согласно мерките на претпазливост за ситни капки/контакт при КОВИД-19:

    Овој модул нуди видео водич за ставање и отстранување на ОЛЗ согласно мерките на претпазливост за ситни капки/контакт при КОВИД-19, како и два ресурси во вид на постери. На крајот на овој модул, учесниците ќе можат да покажат како правилно се става опремата за лична заштита согласно препорачаниот метод на СЗО за мерките на претпазливост во однос на ситни капки/контакт.
  • Модул 2: Водич за ставање и отсранување на ОЛЗ согласно аеробните мерки на претпазливост/мерките на претпазливост при контакт кај процедурите при кои се создаваат аеросоли за КОВИД-19:

    Овој модул нуди видео водич за ставање и отстранување на ОЛЗ согласно аеробните мерки на претпазливост/мерките на претпазливост при контакт за КОВИД-19. На крјаот на овој модул, учесниците ќе можат да покажат како правилно се става опремата за лична заштита согласно препорачаниот метод за СЗО за аеробните мерки на претпазливост/мерките на претпазливост при контакт за КОВИД-19.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now
Learners enrolled: 1067

Certificate Requirements

  • Gain a Confirmation of Participation by completing at least 100% of the course material.