Curso disponível
An error occurred while loading the video player, or it takes a long time to initialize. You can try clearing your browser cache. Please try again later and contact the helpdesk if the problem persists.
Секој оној кој е дел од болничкиот персонал при појава на епидемии на Акутни Респираторни Инфекции (АРИ) потребно е да има основни познавања и вештини за ефикасно раководење. Болничкиот персонал треба добро да биде запознат со тоа што претставуваат АРИ, како истите се пренесуваат, како да се процени ризикот од инфекција и кои се основните мерки на хигиена за да може персоналот да се заштити. Овој пакет лекции се состои од 4 модули со видеа и презентации кои можат да се симнат.
Ве молиме имајте предвид: овие материјали последен пат беа ажурирани на 09/06/2020 година.
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - français - Bahasa Indonesia - русский - Português - 中文 - Español - العربية - Tiếng Việt - বাংলা - Shqip - Tetun - Polski - සිංහල - ภาษาไทย -தமிழ் -Казақ тілі
Краток преглед: Овој курс претставува еден општ вовед во Акутните Респираторни Инфекции (АРИ) и основните мерки на хигиена за заштита од инфекции. На крајот на овој курс, учесниците ќе можат да ги опишат основните податоци за АРИ и што тие претставуваат, како се пренесуваат, како да се процени ризикот од инфекција и да ги набројат основните мерки на хигиена за заштита од инфекција. На крајот на курсот има квиз.
Општа цел: Разбирање на основните принципи на акутни респираторни инфекции, како да се прицени ризикот и основни мерки на хигиена со цел заштита од инфекции.
Времетраење на курсот: Приближно 2 часа.
Сертификати: Официјален документ за постигнат успех ќе биде достапен за учесниците кои ќе постигнат 80% или повеќе на курсот. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Преведено на македонски од ePROTECT Respiratory Infections, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.