课程进行中

Ориентација за планирање на распределбата и вакцинацијата на национално ниво за вакцините против КОВИД-19

提供者 OpenWHO
Ориентација за планирање на распределбата и вакцинацијата на национално ниво за вакцините против КОВИД-19

Работниот тим за подготвеност на земјата и спроведување на вакцинацијата во рамки на Акцелераторот за пристап до алатки за КОВИД-19 (АЦТ) објави Упатство за подготовка на Национален план за распределба и вакцинација (НПРВ) за вакцини против КОВИД-19. Овој курс има за цел да им помогне на фокалните точки на национално и поднационално ниво во земјите да подготват НПРВ и да се подготват за воведување на вакцината против КОВИД-19.

Ве молиме имајте предвид: овие материјали последен пат беа ажурирани на 23/05/2022.

自学
语言: македонски
COVID-19

课程信息

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Tiếng Việt - 中文 - Português - Русский - Français - Español- العربية

Преглед: Курсот е наменет за поддршка на фокалните точки на национално и поднационално ниво во подготовките за вакцинација против КОВИД-19. Дава преглед на клучните аспекти на Упатството за подготовка на Национален план за распределба и вакцинација (НПРВ) за вакцини против КОВИД-19 и ги истакнува достапните и претстојните ресурси за воведување на вакцините против КОВИД-19.

Курсот ги опфаќа следните области: регулаторна подготвеност, планирање и координација, трошоци и финансирање, определување на целните популации, стратегии за спроведување на вакцинацијата, подготовка на синџир на снабдување, управување со отпад од здравствена заштита, управување и обука на човечки ресурси, прифаќање и опфат на вакцинацијата ( побарувачка), следење на безбедноста на вакцините, управување со несакани настани по имунизацијата (ННПИ), безбедност на инјектирање, и системи за следење на имунизацијата. Курсот ќе се ажурира како што ќе се добиваат дополнителни информации.

Цели на учењето: На крајот на овој курс ќе можете:

  • да ги опишете ги клучните поенти за подготовката и спроведувањето на национален план за распределба и вакцинација;
  • да ги опишете стратегиите за распределба, спроведување и следење на вакцините против КОВИД-19 во земјата;
  • да ги наведете ги постојните и претстојните ресурси за поддршка на воведувањето вакцините против КОВИД; и
  • да ги утврдите клучните активности за подготовката за воведување на вакцините против КОВИД-19.

Времетраење на курсот: Приближно 4 часа.

Сертификати: Учесниците што ќе постигнат резултат од 80% или повеќе на квизовите на обуката, ќе добијат сертификат за успешно завршена обука. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Забелешка: Квизовите се во фаза на подготовка и ќе бидат додадени во јануари. Тогаш, учесниците кои ќе постигнат доволен број поени на квизовите ќе добијат Сертификат за постигнувањата. Ве молиме, повторно проверете тука за понатамошни ажурирања.

Преведено на македонски јазик од Orientation to national deployment and vaccination planning for COVID-19 vaccines, 2020. СЗО не одговара за содржината или точноста на овој превод. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната верзија на англиски јазик претставува обврзувачка и автентична верзија. Овој превод не е потврден од страна на СЗО. Овој ресурс е наменет само за цели на поддршка на учењето.

课程内容

  • Модул 1: Вовед во документот за упатство за подготовка на Национален план за распределба и вакцинација (НПРВ) за вакцини против КОВИД-19 :

    Овој модул го опфаќа воведот во документот за упатство за подготовка на Национален план за распределба и вакцинација (НПРВ) за вакцини против КОВИД-19.
  • Модул 2: Регулаторна подготвеност:

    Во овој модул се објаснуваат клучните компоненти на регулаторната подготвеност за навремено донесување одлуки од страна на Националните регулаторни органи (НРО) за време на јавно-здравствени вонредни ситуации.
  • Модул 3: Планирање и координација:

    Во овој модул се објаснува како земјите можат да користат механизми за координација за управување со активностите за распределба и вакцинација за целите на воведување на вакцините против КОВИД-19.
  • Модул 4: Пресметка на трошоците и финансирање: Обезбедување дека средствата стигнуваат до местото на спроведување :

    Во овој модул се дискутира како да се подготви реалистичен буџет за да се овозможи распределбата и вакцинирањето со вакцините против КОВИД-19 имајќи ги предвид постојните основни здравствени услуги.
  • Модул 5: Определување на целните популации :

    Во овој модул се опишува улогата на НТСГИ за преглед на КОВИД-19, како се дефинираат целните популации, како и процесот за обезбедување правичност во пристапот до вакцините.
  • Модул 6: Стратегии за спроведување на вакцинацијата:

    Во овој модул се опишани стратегиите што можат да се користат за спроведување на вакцинација против КОВИД-19 на различни целни популации.
  • Модул 7: Подготовка на синџирот на снабдување и управување со отпадот од здравствена заштита:

    Во овој модул се опишани клучните активности на синџирот на снабдување за подготовка за распределбата на вакцините и управувањето со отпадот од здравствена заштита, и се дискутира како да се пристапи до достапните алатки и ресурси за синџирот на снабдување и управувањето со отпадот од здравствена заштита.
  • Модул 8: Управување и обука на човечките ресурси:

    Во овој модул се опишани чекорите опфатени во решавањето на барањата за човечките ресурси во поглед на постапното воведување на вакцината против КОВИД-19, вклучително и обуката и надзорот.
  • Модул 9: Модул 9: Прифаќање на вакцините и опфат (побарувачка):

    Во овој модул се опишува пристапот заснован на податоци за планирање, спроведување и евалуација на стратегиите за побарувачка, се опишуваат стратешките активности за комуникација кои промовираат вакцинација против КОВИД-19 и како да се управува со очекувањата, и се објаснува како градењето на довербата и управувањето со дезинформациите се клучни за постигнување на прифаќање и опфат на вакцинацијата против КОВИД-19.
  • Модул 10: Следење на безбедноста на вакцините, управување со несакани настани по имунизација (ННПИ) и безбедност на инјектирање:

    Во овој модул се објаснуваат единствените и различните контексти во кои ќе треба да се спроведува фармаковигиланца за вакцинирањето против КОВИД-19, како и клучните аспекти на безбедноста при инјектирање.
  • Модул 11: Системи за следење на имунизацијата:

    Во овој модул се опишани потребите од податоци за вакцинацијата; и се објаснува како да се следи спроведувањето на вакцинацијата против КОВИД-19.

订阅本课程

该课程是免费的。 只需在OpenWHO上注册一个帐户并参加课程!
现在注册吧

证书要求

  • 课程证书 授予者需要至少取得课程总分的百分之 80%
  • 完成课程可获得开放徽章