Course is available
Серијата курсеви за Клиничко управување на пациенти со КОВИД-19 е наменета за здравствени работници за време на пандемијата со КОВИД-19. Курсот нуди суштински податоци неопходни за обезбедување безбедна и ефективна квалитетна нега за пациентите. Во презентациите покриени се сите аспекти на клиничко управување, вклучувајќи и: подготвеност на установата и планирање на напливот; спречување и контрола на инфекцијата кај здравствените работници; траснфер меѓу установи; клиничко управување со лесна, умерена и сериозна форма на болеста кај пациенти со КОВИД-19; посебни насоки за пациенти од геријатрија, трудници и пациенти од педијатрија со КОВИД-19; рехабилитација; како и етика и палијативна нега.
Оваа серија курсеви опфаќаат видео лекции и презентации кои може да се симнат, а се обновени со податоци од последните водичи и докази. Секој модул се состои од 5 до 8 предавања, а секое предавање има квиз за проценка на здобиеното знаење од истото.
Овие материјали беа лансирани на 22.10.2020 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со СОВИД-19 постојано се развиваат, материјалите од овој курс се застарени. Овој курс е во процес на ревизија. Ажурирана верзија на овој курс ќе биде достапна наскоро. Во меѓувреме, погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.
Photo credit: WHO/Netanel Tobias
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English- Shqip - Bahasa Indonesia - Nederlands - Казақ тілі - Русский
Краток преглед: Првиот курс од серијата курсеви за Клиничко управување на пациенти со КОВИД-19 ги покрива Општите согледби. Истиот нуди конткест на самата пандемија и дискутира за оперативноста и подготвеноста на установата, референтните системи и трансферот меѓу установи, спречување и контрола на инфекцијата, како и улогата на палијативната нега кај пациентите. Во овој курс исто така се дискутира за етичките проблеми кои произлегуваат од негата за КОВИД-19, вклучувајќи ги и принципите за назначување ресурси при критична нега. Ако се земе предвид сѐ горенаведено, овој курс дава одговори за подготвеноста во однос на пандемија на КОВИД-19, на сите нивоа на обезбедување здравствена нега.
Општи цели:
На крајот на овој курс, учесниците ќе можат:
Времетраење на курсот: За овој курс се потребни приближно 3 часа.
Сертификати: Сертификат како потврда за успешно завршен курс ќе добијат сите учесници кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број на поени во текот на сите квизови. Сертификат како потврда за учество исто така ќе биде достапен за сите учесници кои ќе поминат најмалку 80% од материјалот на курсот. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
Преведено на внесете јазик од Клиничко управување на пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на внеси јазик, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.