课程进行中
Според СЗО, околу 85% од вкупната количина на отпад што се создава од здравствените активности е општ, неопасен отпад. Останатите 15% се сметаат за опасен материјал кој може да биде заразен, токсичен или радиоактивен. Опасниот отпад со кој не се управува правилно претставува ризик за болничките пациенти, здравствениот персонал и општата јавност.
Ве молиме запомнете: Овие материјали последен пат беа ажурирани на 08/08/2022.
Photo credits: WHO / T. Pietrasik
Овој курс е достапен и на следниве јазици:
English - Tetun - Nederlands - Русский - ქართული ენა
Преглед: Во овој модул, ќе научите за различните категории на отпад и процесот на управување со отпад. Здравствениот отпад го опфаќа целиот отпад што го создаваат здравствените, истражувачките и лабораториските установи во текот на обезбедувањето здравствени услуги. Здравствениот отпад во една установа треба да се управува од моментот на создавање до конечното депонирање и отстранување.
Цели за учење: До крајот на оваа сесија, ќе можете:
Времетраење на курсот: Приближно 1 час.
Сертификати: Уверение за постигнување ќе им биде издадено на учесниците кои ќе освојат најмалку 70% на пост-тестот. Имате неограничен број обиди за задоволување на прагот. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Преведено на македонски јазик од Standard precautions: Waste management, 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.