Curso disponível
Превенција и контрола на инфекции (ПКИ) е клучен елемент во квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Со овој модул ќе осознаете како и зошто доаѓа до интрахоспитални инфекции (ИХИ) и на кој начин ПКИ ги намалува ризикот од нивна појава и нивното ширење.
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - Հայերեն- Українська - Türkçe - ქართული ენა
Преглед: Превенција и контрола на инфекции (ПКИ) е применета дисциплина која се однесува на целокупните активности околу грижата за пациенти во клинички услови. ПКИ, вклучувајќи и превенција на антимикробна резистенција (АМР), е клучен елемент во квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Со овој модул ќе осознаете како и зошто доаѓа до интрахоспитални инфекции (ИХИ) и на кој начин ПКИ ги намалува ризикот од нивна појава и нивното ширење. Делотворната ПКИ опфаќа креирање програма во којашто здравствениот персонал (ЗП) ја игра својата улога во спречување на ширењето на патогени микроби и АМР.
Цели на учење:
По завршување на овој модул, ќе можете:
Времетраење на обуката: за да се помине обуката потребни се отприлика 1 часа.
Сертификати: Учесниците кои ќе постигнат најмалку 70% точни резултати на тестот по завршувањето на курсот ќе добијат сертификат за постигнатиот успех. Можете да се обидете да го постигнете овој минимален процент безброј пати. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Преведено на македонски јазик од Introduction to Infection Prevention and Control (IPC), 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.