You are not enrolled for this course.

Course is available

Вовед во Превенција и контрола на инфекции (ПКИ)

Offered by OpenWHO
Вовед во Превенција и контрола на инфекции (ПКИ)

Превенција и контрола на инфекции (ПКИ) е клучен елемент во квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Со овој модул ќе осознаете како и зошто доаѓа до интрахоспитални инфекции (ИХИ) и на кој начин ПКИ ги намалува ризикот од нивна појава и нивното ширење.

Self-paced
Language: македонски
Health topic

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Հայերեն- Українська - Türkçe - ქართული ენა

Преглед: Превенција и контрола на инфекции (ПКИ) е применета дисциплина која се однесува на целокупните активности околу грижата за пациенти во клинички услови. ПКИ, вклучувајќи и превенција на антимикробна резистенција (АМР), е клучен елемент во квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Со овој модул ќе осознаете како и зошто доаѓа до интрахоспитални инфекции (ИХИ) и на кој начин ПКИ ги намалува ризикот од нивна појава и нивното ширење. Делотворната ПКИ опфаќа креирање програма во којашто здравствениот персонал (ЗП) ја игра својата улога во спречување на ширењето на патогени микроби и АМР.

Цели на учење:

По завршување на овој модул, ќе можете:

  • да ги препознаете можните причини за ИХИ и да опишете како се пренесуваат.
  • да опишете на кој начин се заштитуваат пациентите и здравствениот персонал со препознавање ризик и да ги идентификувате факторите на ризик поврзани со ИХИ во клинички услови.
  • да ја опишете контролната хиерархија и на кој начин тие контроли го намалуваат ризикот во клинички услови.
  • да идентификувате на кој начин главните елементи на ПКИ создаваат модел за успешно спроведување на програмите за ПКИ.

Времетраење на обуката: за да се помине обуката потребни се отприлика 1 часа.

Сертификати: Учесниците кои ќе постигнат најмалку 70% точни резултати на тестот по завршувањето на курсот ќе добијат сертификат за постигнатиот успех. Можете да се обидете да го постигнете овој минимален процент безброј пати. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Преведено на македонски јазик од Introduction to Infection Prevention and Control (IPC), 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Course contents

  • Вовед во ПКИ:

    Со овој модул ќе осознаете како и зошто доаѓа до интрахоспитални инфекции (ИХИ) и на кој начин ПКИ ги намалува ризикот од нивно ширење.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Record of Achievement by earning at least 70% of the maximum number of points from all graded assignments.
  • Gain an Open Badge by completing the course.