Центар за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации (ЦДЈЗВС)

Центарот за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации (ЦДЈЗВС) е физичка локација за координација на информации и ресурси заради поддршка на активностите за управување со инциденти. ЦДЈЗВС се нарекува и „оперативен центар“, „ситуациска соба“ и „команден центар“. Искуството покажа дека навременото спроведување на ЦДЈЗВС обезбедува клучна платформа за управување со јавно-здравствените вонредни ситуации и може да помогне да се избегнат честите неуспеси како што се недостатокот од јасно лидерство што резултира во одложено носење одлуки, несоодветно управување со ресурсите и слаба координација.

Овој онлајн курс е дизајниран како поддршка за Рамката на СЗО за Центарот за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации и е предвиден за експертите за подготвеност и одговор на јавно-здравствени вонредни ситуации, креаторите на политики и партнерите кои сакаат да основаат и одржат Центри за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации.

Photo credit: MYS/CPRC

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Français

Преглед: Во 2012 г., СЗО ја креираше Мрежата на Центри за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации (EOC-NET). СЗО ја креираше Рамката за Центарот за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации (ЦДЈЗВС), во соработка со партнерите од EOC-NET. Рамката обезбедува методиски насоки на високо ниво за дизајнирање, развој и јакнење на ЦДЈЗВС. Во овој онлајн курс се обезбедува преглед на Рамката за ЦДЈЗВС и релевантни референци.

Цели за учење: До крајот на овој курс, ќе можете: да ја опишете содржината на Рамката за ЦДЈЗВС; да ги објасните клучните концепти за ЦДЈЗВС и за управувањето со вонредни ситуации; да ги дефинирате целите и функцијата на ЦДЈЗВС; да ги опишете главните аспекти за планирање и спроведување, клучните компоненти и основните барања за ЦДЈЗВС; и да ја примените Рамката за ЦДЈЗВС и релевантните алатки за дизајнирање, развој и јакнење на ЦДЈЗВС.

Времетраење на курсот: Приближно 3 часа.

Сертификат: За учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупните достапни поени во квизовите за проверка на знаење и пополнетите делови за активности ќе се додели Сертификат за постигнат успех.

Преведено на македонски јазик од The Public Health Emergency Operations Centre (PHEOC), 2020. СЗО не одговара за содржината или точноста на овој превод. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната верзија на англиски јазик претставува обврзувачка и автентична верзија. Овој превод не е потврден од страна на СЗО. Овој ресурс е наменет само за цели на поддршка на учењето.

Важна белешка за оваа јазична верзија на курсот: Ве молиме да имате предвид дека овој онлајн курс е дизајниран како поддршка за Рамката на СЗО за Центарот за дејствување во услови на јавно-здравствени вонредни ситуации. Рамката моментално е достапна на сите јазици на ОН. Овој курс е преведен на дополнителни јазици со цел клучните идеи и концепти да бидат колку што е можно попристапни за глобалната публика.

Course contents

  • Вовед: Преглед на курсот и на Рамката за ЦДЈЗВС :

    Во овој воведен модул се наведени целите на курсот; даден е опис на содржината на курсот; и се опишува Рамката за ЦДЈЗВС, како и другите клучни документи.
  • Модул 1: Клучни концепти и принципи :

    Модул 1 содржи три единици: ЦДЈЗВС; Принципи за управување со вонредни ситуации; и Систем за управување со инциденти (СУИ).
  • Модул 2: Спроведување на ЦДЈЗВС :

    Модул 2 содржи седум единици: Насоки за планирање; Физичка структура и информациски и комуникациски технологии (ИКТ); Планови и постапки за ЦДЈЗВС; Информациски системи; Човечки ресурси и обука; Вежби; и Следење, оценување и финансирање.
  • Активности: Задачи за проверка на знаење :

    Во овој последен модул се дадени три активности кои ќе ви помогнат да ја вежбате примената на информациите од Рамката и да ги користите Анексите.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Record of Achievement by earning at least 80% of the maximum number of points from all graded assignments.