You are not enrolled for this course.

Course is available

Установите за долготрајна нега во контекст на КОВИД-19

Offered by OpenWHO
Установите за долготрајна нега во контекст на КОВИД-19

Пандемијата на КОВИД-19 несразмерно повеќе ги погоди постарите лица, особено оние кои живеат во установи за долготрајна нега, со значително изразен морталитет и морбидитет. Неопходно е заедничко дејствување за ублажување на влијанието на КОВИД-19 преку засилување на мерките за превенција и контрола на инфекции во рамки на установите за долготрајна нега. Курсот за превенција и контрола на инфекции од КОВИД-19 во установите за долготрајна нега се состои од 4 модули за обука кои треба да се користат заедно со збирката алатки за комуникација и контролната листа за подготвеност на установите за долготрајна нега. Овој пакет е наменет специјално за установите за долготрајна нега и е базиран на детални технички упатства на СЗО за превенција и контрола на инфекции.

Ве молиме имајте предвид: Овие материјали беа лансирани на 30/09/2020. Please note: These materials were last updated on 30/09/2020. As the scientific evidence and technical guidance regarding COVID-19 are constantly evolving, please refer to https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 for the latest updates.

Photo credit: WHO/Yoshi Shimizu

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Bahasa Indonesia - Nederlands - Shqip - français - Русский - Українська

Преглед: Пандемијата на КОВИД-19 несразмерно повеќе ги погоди постарите лица, особено оние кои живеат во установи за долготрајна нега, со значително изразен морталитет и морбидитет. Неопходно е заедничко дејствување за ублажување на влијанието на КОВИД-19 преку засилување на мерките за превенција и контрола на инфекции во рамки на установите за долготрајна нега. Во голем број земји, установите за долготрајна нега имаат слаби системи за превенција и контрола на инфекции и за обуки, а персоналот нема пристап до информации за ограничување на трансмисијата во контекст на КОВИД-19. Зајакнувањето на практиките на превенција и контрола на инфекции е од суштинско значење за спречување на ширењето на КОВИД-19. Збирката алатки за комуникација за превенција и контрола на инфекции од КОВИД-19 во установите за долготрајна нега обезбедува едноставен визуелен приказ со упатства за персоналот, штитениците и посетителите со клучни пораки кои се однесуваат на превенцијата и контролата на инфекции. Контролната листа за подготвеност за КОВИД-19 е алатка којашто се состои од неколку елементи кои се суштински за подготовка на устрановата за долготрајна нега за КОВИД-19. Неа може да ја користат управата на установата, лицата за контакт за превенција и контрола на инфекции или персоналот, и внатрешни или надворешни стручни лица.

Овој курс се состои од 4 модула кои се однесуваат на мерки за превенција и контрола на инфекции во поддршка на установите за долготрајна нега во контекст на КОВИД-19.

Цели на учењето: По завршувањето на курсот, учесниците треба да бидат во можност да:

  • Ги опишат начелата и практиките на превенција и контрола на инфекции релевантни за установите за долготрајна нега во насока на безбедност на пациентите и на персоналот за време на КОВИД-19

  • Ја применат контролната листа за КОВИД-19 за установи за долготрајна нега во рамки на нивното работно место

  • Идентификуваат практики за безбедно постапување со штитениците на установите за долготрајна нега во услови на КОВИД-19

  • Разберат како да си помогнат себе си и меѓусебно како персонал на установа за долготрајна нега во услови на КОВИД-19

Времетраење на курсот: Околу 2 часа.

Сертификат: Учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број бодови од сите тестови ќе добијат Признаница. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Преведено на македонски јазик од Long-term care facilities in the context of COVID-19, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски јазик, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.

Course contents

  • Модул 1: Пакет за превенција и контрола на инфекции од КОВИД-19 за установи за долготрајна нега:

    По завршување на овој модул, би требало да бидете во можност да: опишете како може да се шират инфективните заболувања; објасните како да се спречи ширењето на инфективните заболувања; опишете како се шири КОВИД-19; објасните како да се спречи ширењето на КОВИД-19.
  • Модул 2: Примена на контролна листа за подготвеност за КОВИД-19 во установи за долготрајна нега:

    По завршувањето на овој модул, би требало да бидете во можност да: ја разберете целта на контролната листа за подготвеност; ја опишете процедурата за користење на контролната листа; ја користите контролната листа во установата за долготрајна нега; идентификувате и утврдите приоритет на ставките кои треба да се адресираат.
  • Модул 3: Грижа за штитеници на установи за долготрајна нега за време на КОВИД-19:

    По завршувањето на овој модул, би требало да бидете во можност да: знаете како да управувате со негата за штитениците заради спречување на ширењето на КОВИД-19; знаете како да управувате со средината на установата за долготрајна нега за да спречите ширење на КОВИД-19; опишете како да се спречи ширење на КОВИД-19 во установата од страна на посетителите.
  • Модул 4: Заштита и поддршка на персоналот во установите за долготрајна нега во услови на КОВИД-19:

    По завршувањето на овој модул, би требало да бидете во можност да: опишете како може да се заштитите себе си од КОВИД-19 на работното место; знаете како да се заштитите себе си надвор од работното место; ги разберете можностите што ги имате за справување со стрес.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Record of Achievement by earning at least 80% of the maximum number of points from all graded assignments.
  • Gain an Open Badge by completing the course.