课程进行中
Здравствената средина содржи разновидна популација на микроорганизми и може да биде резервоар за потенцијални патогени. Ако чистењето на средината не се изврши правилно, тогаш контаминацијата на средината може да придонесе за ширење на мултирезистентни организми и интрахоспитални инфекции. Соработката помеѓу персоналот за превенција и контрола на инфекции (ПКИ) и службата за одржување хигиена (СОХ) ја ограничува улогата на здравствената средина во пренесувањето болести.
Ве молиме имајте предвид: Овие материјали беа лансирани на 29/05/2020.
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - Tetun - Bahasa Indonesia -Nederlands - Հայերեն - Казақ
Преглед: Во овој модул, ќе ја научите улогата на одговорните за ПКИ во чистењето на средина и ќе разберете како чистењето и дезинфекцијата спречуваат контаминација на здравствената средина.
Цели за учење: На крајот на оваа сесија ќе можете:
Времетраење на курсот: околу 1 час.
Сертификати: Учесниците што ќе освојат најмалку 70% на завршниот тест ќе добијат сертификат. Имате неограничен број обиди да го преминете прагот.Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Преведено на македонски јазик од Standard precautions: Environmental cleaning and disinfection, 2020. СЗО не одговара за содржината или точноста на овој превод. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната верзија на англиски јазик претставува обврзувачка и автентична верзија. Овој превод не е потврден од СЗО. Ресурсот е наменет само за поддршка во учењето.