Course is available

Стандардни мерки на претпазливост: чистење и дезинфекција на средината

Offered by OpenWHO
Стандардни мерки на претпазливост: чистење и дезинфекција на средината

Здравствената средина содржи разновидна популација на микроорганизми и може да биде резервоар за потенцијални патогени. Ако чистењето на средината не се изврши правилно, тогаш контаминацијата на средината може да придонесе за ширење на мултирезистентни организми и интрахоспитални инфекции. Соработката помеѓу персоналот за превенција и контрола на инфекции (ПКИ) и службата за одржување хигиена (СОХ) ја ограничува улогата на здравствената средина во пренесувањето болести.

Ве молиме имајте предвид: Овие материјали беа лансирани на 29/05/2020.

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Tetun - Bahasa Indonesia -Nederlands - Հայերեն - Казақ

Преглед: Во овој модул, ќе ја научите улогата на одговорните за ПКИ во чистењето на средина и ќе разберете како чистењето и дезинфекцијата спречуваат контаминација на здравствената средина.

Цели за учење: На крајот на оваа сесија ќе можете:

  • да ги опишете областите на соработка помеѓу ПКИ и службите за одржување хигиена;
  • да ја опишете здравствената средина и целта на чистењето на средината;
  • да ги идентификувате разликите помеѓу рутинското и завршното чистење;
  • да ги опишете стандардните мерки на претпазливост за гарантирање на безбедноста на работниците за одржување на хигиената;
  • да ја разберете функцијата на средствата за чистење и дезинфекција; и
  • да ја опишете употребата на мониторингот на средината во здравствена средина.

Времетраење на курсот: околу 1 час.

Сертификати: Учесниците што ќе освојат најмалку 70% на завршниот тест ќе добијат сертификат. Имате неограничен број обиди да го преминете прагот.Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Преведено на македонски јазик од Standard precautions: Environmental cleaning and disinfection, 2020. СЗО не одговара за содржината или точноста на овој превод. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната верзија на англиски јазик претставува обврзувачка и автентична верзија. Овој превод не е потврден од СЗО. Ресурсот е наменет само за поддршка во учењето.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Record of Achievement by earning at least 70% of the maximum number of points from all graded assignments.
  • Gain an Open Badge by completing the course.