课程进行中

Деконтаминација и стерилизација на медицински помагала

提供者 OpenWHO
Деконтаминација и стерилизација на медицински помагала

Деконтаминацијата на инструментите и медицинските помагала игра многу важна улога во спречувањето на инфекциите поврзани со здравствената грижа (ИЗГ). Навистина, сè уште во многу различни установи се врши несоодветна деконтаминација на хируршките инструменти, ендоскопски помагала, помагала за респираторна нега и помагала за хемодијализа за повеќекратна употреба што доведува до појава на инфекции поврзани со здравствената грижа. Овој курс се базира на прирачникот на СЗО за деконтаминација и преработка на медицински помагала за здравствени установи, како и во соработка со ЦДЦ на САД.

自学
语言: македонски
COVID-19

课程信息

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Русский - ქართული ენა

преглед: Покрај тоа, во многу установи со ограничени ресурси постои вообичаена пракса на повторна употреба на медицински помагала за еднократна употреба. Во овој модул, ќе научите да вршите проценка на ризикот поврзан со медицинските помагала за еднократна употреба, опасностите од повторната употреба на помагалата за еднократна употреба, како и за барањата за единица за деконтаминација.

Цели на учењето: До крајот на овој модул, ќе можете:

  • да опишете што е деконтаминација, како и класификацијата на Сполдинг;
  • да ги објасните опасностите од повторната обработка на медицински помагала за еднократна употреба;
  • да го опишете распоредот и текот на работата во единицата за деконтаминација;
  • да ги наведете чекорите за правилен прием, складирање и транспортирање на стерилни медицински помагала;
  • да ја опишете важноста и соодветните методи за чистење на медицинските помагала;
  • да ги наведете најдобрите пракси за проверка, склопување и пакување на медицински помагала;
  • да ги објасните различните елементи на процесот на валидација за стерилизација со пареа; и
  • да ги опишете различните методи на дезинфекција и стерилизација.

Времетраење на обуката: за да се помине обуката потребни се отприлика 2 часа.

Сертификати: Учесниците кои ќе постигнат најмалку 70% точни резултати на тестот по завршувањето на курсот ќе добијат сертификат за постигнатиот успех. Можете да се обидете да го постигнете овој минимален процент безброј пати. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Преведено на македонски јазик од Decontamination and sterilization of medical devices, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

订阅本课程

该课程是免费的。 只需在OpenWHO上注册一个帐户并参加课程!
现在注册吧

证书要求

  • 课程证书 授予者需要至少取得课程总分的百分之 70%
  • 完成课程可获得开放徽章