Self-paced course
Во овој курс се обезбедува преглед на упатството за маски како што е наведено во "Користење на маски во контекст на КОВИД-19".
Оваа обука е предвидена за здравствените работници, креаторите на одлуки и за јавноста и го опфаќа правилното користење на маски за средини во кои се обезбедуваат здравствени услуги и во рамките на средина во заедницата.
Овие материјали беа лансирани на 03/03/2021 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со COVID-19 постојано се развиваат, ве молиме погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.
Фотографии: СЗО / Блинк Медиа – Е. Џаби; СЗО/ Блинк Медиа – М. Аим
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
Преглед: Употребата на маски е дел од сеопфатниот пакет за мерки за спречување и контрола за ограничување на ширењето на SARS-CoV-2, вирусот кој предизвикува КОВИД-19. Оваа обука се заснова на научни докази и упатството на СЗО кое е релевантно за употребата на маски за намалување на ширењето на SARS-CoV-2 во различни средини. Со овој курс се таргетираат креатори на одлуки, експерти за Спречување и контрола на зараза, здравствени работници и општата јавност.
Овој курс се заснова на упатствата на СЗО и истиот ќе се ревидира со појавата на нови докази.
Цели за учење: До крајот на овој курс, ќе можете:
Времетраење на курсот: Приближно 1 час.
Сертификати: За учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупните достапни поени во сите квизови ќе се додели Сертификат за постигнат успех. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Корисни линкови и ресурси:
Совети за јавноста за заболувањето со Коронавирус (КОВИД-19): Кога и како да се користат маски
Преведено на македонски јазик од Guidance on mask use in the context of COVID-19, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.