Стандардни мерки на претпазливост : безбедно инјектирање и Управување со повреди од игла

Почитувањето на правилата за безбедно давање инјекции е од клучно значење за спречување на ширењето на инфекции при пружање здравствени услуги. Небезбедни практики на давање инјекции се следниве: непотребни инјекции, повторна употреба на игли и шприцеви, употреба на флакон со единечна доза лек за повеќе пациенти, давање инјекција во средина која не е чиста и хигиенска, како и ризикување повреда заради неправилно отстранување на остри предмети.

Опасностите како што се повредите од убод од игла ги ставаат здравствените работници под ризик од инфекција, а во реалноста овие повреди не се пријавуваат секогаш. Важно е здравствените работници во вашата установа да бидат обучени за превенција на повреди од остри предмети затоа што лесно може да се случат несреќи доколку не се почитуваат безбедносните правила рутински и ригорозно.

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Tetun - Nederlands - Українська - Հայերեն

Преглед: Во рамките на оваа обука ќе научите за причините за небезбедни практики на давање инјекции, но ќе научите и како безбедно да се даваат инјекции и како безбедно да се отстранат иглите и другите остри предмети. Освен тоа, ќе научите и што треба да се прави кога ќе се случат повреди од убод со игла, како да се постапува во случај на изложеност на потенцијален ризик и како да се заштитите себеси, вработените и пациентите во вашата установа и во вашата заедница.

Што сакаме да научите преку обуката: На крајот од оваа обука, вие треба да бидете способни:

  • да ги идентификувате најчестите фактори кои придонесуваат за небезбедни практики на давање инјекции во областа на здравствената заштита;
  • да ги објасните ризиците поврзани со небезбедните практики на давање инјекции и инфекциите предизвикани од истите;
  • да примените најдобри практики за безбедно давање инјекции во областа на здравствената заштита;
  • да ги објасните седумте чекори на безбедното давање инјекција;
  • да демонстрирате безбедно постапување и отстранување на игли и други остри предмети;
  • да го објасните механизмот на функционирање на шприцевите изработени од инжењери на кои при изработката прв приоритет им била безбедноста на истите;
  • да ги идентификувате начините на кои може да се случат повреди од убод со игла во вашата установа;
  • да опишете што треба да се направи доколку се случи повреда од убод со игла;
  • да објасните како треба да се постапува во случај на изложеност за хепатит Б (HBV), хепатит Ц (HCV) и ХИВ од повреди предизвикани од убод на игла; и
  • да ја примените мултимодалната стратегија за намалување на повредите од убод со игла во вашата установа.

Времетраење на курсот: Приближно 2 часа.

Сертификат: Учесниците што ќе освојат најмалку 70% на завршниот тест ќе добијат сертификат. Имате неограничен број обиди да го преминете прагот.Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Преведено на македонски јазик од Standard precautions: Injection safety and needle-stick injury management , 2020. СЗО не одговара за содржината или точноста на овој превод. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната верзија на англиски јазик претставува обврзувачка и автентична верзија.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Record of Achievement by earning at least 70% of the maximum number of points from all graded assignments.