课程进行中
An error occurred while loading the video player, or it takes a long time to initialize. You can try clearing your browser cache. Please try again later and contact the helpdesk if the problem persists.
Алатката CVIC е алатка на СЗО-УНИЦЕФ, дизајнирана да им помогне на земјите во процесот на планирање и процена на трошоците за вакцинација против КОВИД-19. Целта на овој курс е да се прикаже употребата на алатката CVIC. Курсот е наменет за менаџерите и персоналот на националните програми, кои се вклучени во процесите на процена на трошоците, буџетирање или финансирање на испораката на вакцините против КОВИД-19 во една земја.
За овој курс, ќе треба да ја преземете најновата верзија на CVIC алатката. Ве молиме испратете ги вашите податоци за контакт преку брз „следач на ажурирани информации“ за да можете да се информирате кога ќе биде достапна ажурирана верзија на алатката. Овој курс се заснова на CVIC алатката верзија 2.2. Најновата верзија 2.3 нема значителни разлики, така што овој курс е сè уште валиден и може да ви даде преглед на употребата на алатката.
Ве молиме контактирајте со CVICosting@who.int доколку имате какви било прашања во врска со алатката.
Овие материјали беа лансирани на 19.07.2021 година. Бидејќи научните докази и техничките упатства во врска со COVID-19 постојано се развиваат, ве молиме погледнете на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019 за најновите ажурирања.
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
Краток преглед: Алатката CVIC обезбедува структурирана и сеопфатна процена на зголемените оперативни и избрани капитални расходи за воведување и распределба на вакцините против КОВИД-19. Овој курс има за цел да обезбеди детален приказ на употребата на алатката CVIC и да прикаже како можат да се добијат излезните податоци и истите да се толкуваат од алатката. Овој курс е наменет за менаџерите и персоналот на националните програми, кои се вклучени во процесите на процена на трошоците, буџетирање или финансирање на испораката на вакцините против КОВИД-19 во една земја.
Цели на учење: До крајот на овој курс треба да можете:
Времетраење на курсот: Приближно 1.5 часa.
Сертификати: За учесниците кои ќе завршат 80% од материјалот на курсот, ќе биде достапна Потврда за Учество.
Преведено на македонски јазик од Learning how to use the COVID-19 Vaccine Introduction and deployment Costing (CVIC) tool, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.