Основни компоненти за ПКИ и мултимодални стратегии

Користејќи ги основните компоненти на СЗО за превенција и контрола на инфекции (ПКИ) како патоказ, ќе видите колку ефективните програми за ПКИ можат да ја спречат штетата предизвикана од инфекции поврзани со здравствената заштита (ИПЗ) и антимикробната резистенција (АМР) на местото каде што се обезбедува нега. Овој курс ќе ве воведе во мултимодалната стратегија за спроведување на ПКИ и ќе дефинира како оваа стратегија функционира за да се создадат системски и културни промени со кои ќе се подобрат практиките на ПКИ. Ова основно знаење ќе ви даде насоки за ефективна подготовка и спроведување на програмите за ПКИ и едукација за ПКИ во вашата установа.

Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Русский

Преглед: Во овој воведен курс ќе ги научите основните компоненти на ефективните програми за ПКИ, вклучувајќи ги мултимодалните стратегии за нивно спроведување, на национално ниво и на ниво на установа, според научните докази и советите на СЗО и на меѓународните експерти.

Цели за учење: До крајот на овој курс, треба да можете да:

  • Опишете како Основните компоненти на СЗО се поврзани со спроведувањето на успешна програма за ПКИ.
  • Ги опишете мултимодалните стратегии кои можат да се применат за да се подобрат активностите за ПКИ.

Времетраење на курсот: Приближно 1 час.

Сертификати: Потврда за учество ќе ви биде издадена доколку сте поминале 100% од материјалот на курсот.

Преведено на македонски јазик од Infection Prevention and Control (IPC) core components and multimodal strategies , 2020. СЗО не одговара за содржината или точноста на овој превод. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски јазик, оригиналната верзија на англиски јазик претставува обврзувачка и автентична верзија.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now

Certificate Requirements

  • Gain a Confirmation of Participation by completing at least 100% of the course material.