Лидерство и управување со програми во превенција и контрола на инфекции (ПКИ)

Лидерството е важен дел од една успешна програма за ПКИ. Во овој модул, ќе ги истражиме карактеристиките на лидерот и различните видови лидерство, како и тоа дека лидерските вештини имаат суштинско значење за ефективна комуникација и управување со конфликти. Овие вештини можат да предизвикаат позитивни промени во тимот за ПКИ, кај други лидери и меѓу здравствениот персонал и да доведат до одржливи програми за ПКИ. Со овие лидерски вештини ќе поставите основа што ќе ви овозможи да создадете ефективен тим и програма за ПКИ, а истовремено да стекнете кредибилитет и влијание во вашата установа.

Ве молиме имајте предвид: Овие материјали беа лансирани на 21/01/2021.

Em modo autodidata
Idioma: македонски
COVID-19

Informações do curso

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Français - Shqip - Azərbaycan dili - Հայերեն

Преглед: Во овој модул, ќе ги истражиме карактеристиките на лидерот и различните видови лидерство, како и тоа дека лидерските вештини имаат суштинско значење за ефективна комуникација и управување со конфликти. Овие вештини можат да предизвикаат позитивни промени во тимот за ПКИ, кај други лидери и меѓу здравствениот персонал и да доведат до одржливи програми за ПКИ. Со овие лидерски вештини ќе поставите основа што ќе ви овозможи да создадете ефективен тим и програма за ПКИ, а истовремено да стекнете кредибилитет и влијание во вашата установа.

Цели на учење: По завршување на овој модул, ќе можете:

  • да го дефинирате лидерството на начини што е релевантен за улогата и задачите на координатор за ПКИ;
  • да препознаете како се поврзани карактеристиките и видовите на лидерство со вашите лидерски пристапи;

  • да ги дефинирате компонентите на комуникацијата и да опишете како се користат за ефективна комуникација за ПКИ;

  • да ги изберете најефективните канали за комуникација што ќе ги користите во различни ситуации поврзани со ПКИ;

  • да објасните кои лидерски вештини и однесувања се потребни за оптимално решавање конфликти;

  • да објасните како се применуваат вештините за управување со проекти за развој на силна програма за ПКИ,

  • да ги препознаете и категоризирате ризиците и стратегиите за управување со ризик во проекти за ПКИ, и

  • да ги примените теориите за образование на возрасни во образованието и обуката на здравствените работници во вашата установа. ;

  • да опишете како трите фактори за успешно спроведување - контекст, иновација и приматели - ја дефинираат рамката за подобрување на активностите за ПКИ;

  • да објасните како може да се искористи разбирањето на промената на однесувањето за да се развијат и спроведат најдобрите интервенции за ПКИ;

  • да ги изберете најдобрите стратегии што ќе ги користите кога се обидувате да направите подобрувања со ниски трошоци или без трошоци, и

  • да развиете стратегии за подобрување на квалитетот (ПК) што можат да се користат за систематско подобрување на процесите и исходите.

Времетраење на обуката: за да се помине обуката потребни се отприлика 4 часа.

Сертификати: Учесниците кои ќе постигнат најмалку 70% точни резултати на тестот по завршувањето на курсот ќе добијат сертификат за постигнатиот успех. Можете да се обидете да го постигнете овој минимален процент безброј пати. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Преведено на македонски јазик од Leadership and programme management in Infection Prevention and Control (IPC), 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Conteúdo do curso

  • модел 1: Лидерски вештини:

    Лидерството е важен дел од една успешна програма за ПКИ. Во овој модул, ќе ги истражиме карактеристиките на лидерот и различните видови лидерство, како и тоа дека лидерските вештини имаат суштинско значење за ефективна комуникација и управување со конфликти. Овие вештини можат да предизвикаат позитивни промени во тимот за ПКИ, кај други лидери и меѓу здравствениот персонал и да доведат до одржливи програми за ПКИ. Со овие лидерски вештини ќе поставите основа што ќе ви овозможи да создадете ефективен тим и програма за ПКИ, а истовремено да стекнете кредибилитет и влијание во вашата установа.
  • модул 2: Управување со проекти:

    Лидерството е важен дел од една успешна програма за ПКИ. Во овој модул ќе го истражиме процесот на управување со проекти и образованието за ПКИ за возрасни. Овие вештини можат да предизвикаат позитивни промени во тимот за ПКИ, кај други лидери и меѓу здравствениот персонал и да доведат до одржливи програми за ПКИ. За да се развие одржлива програма, лидерите за ПКИ мораат да имаат добри вештини за управување со проекти и проценка на ризик. Ќе ја научиме и важноста на соодветни програми за образование и обука за здравствените работници во вашата установа. Спроведувањето системски промени е предизвик. Со стекнувањето на овие лидерски вештини ќе изградите основа што ќе ви овозможи да создадете ефективен тим за ПКИ, да управувате успешно со проекти за ПКИ и да развиете одржлива програма за ПКИ.
  • модел 3: Стратегии за спроведување и подобрување на квалитетот:

    Стратегиите за спроведување ви помагаат да создадете структурирани промени и да ги преточите стандардите за ПКИ во практика на местото на грижа во вашата установа. Како координатор за ПКИ, важно е да разберете како да развивате и одржувате интервенции за ПКИ. Во овој модул ќе научите за основите на науката за спроведување и за тоа како можат мултимодалните стратегии да поддржат промени на однесувањето и да влијаат на засегнатите страни.
  • Пост-тест: Лидерство

Inscrever-me neste curso

O curso é gratuito. Basta se registrar para uma conta em OpenWHO e fazer o curso!
Inscrever-me agora

Requisitos de certificado

  • Ganhe um registro de conquista ao ganhar mais de 70% do número máximo de pontos de todas as tarefas com nota.