Спречување и Контрола на Инфекцијата (СКИ) за новиот корона вирус (КОВИД-19)
Овој курс располага со насоки за тоа што треба да прават здравствените установи со цел да бидат подготвени да реагираат на појавата на вирус на дишните патишта како што е новиот корона вирус, како да идентификуваат случај кога тој ќе се појави, и како соодветно да имплементираат СКИ мерки со цел сигурно да се оневозможи понатамошно ширење кон здравствените работници или други пациенти и други лица во здравствената установа. Оваа обука е наменета за здравствени работници и експерти за јавно здравје, бидејќи се фокусира на спречување и контрола на инфекцијата. **Ве молиме запомнете: Материјалите што се користат во овој курс во моментов се ревидираат за да ги одразуваат ажурирањата на техничката содржина. Сите учесници во курсот ќе бидат известени откако ќе бидат направени овие ажурирања. Во меѓувреме, може да се повикате на англиската верзија на овој курс за најсовремени извори.**
Self-paced
Language: македонски
COVID-19

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - русский - 日本語 - français - Bahasa Indonesia - Español - Português - Italiano - српски језик - 中文 - Türkçe - język polski - Tiếng Việt - العربية.

Општ преглед: Овој курс ги опфаќа СКИ (Спречување и контрола на инфекцијата) мерките кои се потребни за:

  • Да бидете поготвени и спремни да реагирате во случај на избувнување на епидемија, особено онаа како резултат на КОВИД-19.
  • Да ја ограничите човечката трансмисија преку имплементирање на препорачаните СКИ интервенции од страна на СЗО.
  • Да идентификувате, изолирате и известите за можни и потврдени случаи.

За секој модул прикачени се ресурси кои ќе ви помогнат со поопширни објаснувања за темата.

Цели:

По завршувањето на овој курс, ќе можете:

  • да ги дефинирате СКИ и нивната улога во контекст на подготвеност, спремност и реакција;
  • да ја опишете моменталната епидемиолошка ситуација со КОВИД-19, вклучувајќи и дефиниции за случај и знаци & симптоми;
  • да ја опишете контролата на изворот, административната контрола и контрола на околината и при ракувањето со медицинските уреди и материјали;
  • да ги опишете препорачаните СКИ мерки од страна на СЗО во однос на здравствените установи, вклучувајќи и справување со можни или потврдени КОВИД-19 случаи;
  • да ги опишете дополнителните СКИ мерки кои се преземаат за дополнителна помош при општата подготвеност во рамките на здравствената установа.

Времетраење на курсот: Приближно 1 час.

Сертификација: Потврда за учество е достапна за учесниците кои завршуваат 100% од материјалот на курсот.

Преведено на македонски јазик од Infection Prevention and Control (IPC) for Novel Coronavirus (COVID-19), 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Овој превод не е верифкуван од страна на СЗО. Намената на овој ресурс е насочена само кон учење.

Преведено на македонски од Clinical Care Severe Acute Respiratory Infection, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.

Course contents

  • Модул 1: Подготвеност, спремност и СКИ:

    Овој модул дава еден општ преглед на мерките за подготвеност и спремност во однос на Спречувањето и Контролата на Инфекцијата.
  • Модул 2: Новиот корона вирус (КОВИД-19): неговата епидемиологија, ризични фактори, дефиниции и симптоматологија:

    модул 2 нѐ воведува во новиот корона вирус (КОВИД-19).
  • Модул 3: Стандардни мерки на претпазливост, мерки на претпазливост при трансмисија & посебни препораки за КОВИД-19:

    овој модул ни дава преглед за различните мерки на претпазливост кои треба да се преземат со цел подготовка и реакција на КОВИД-19.

Enroll me for this course

The course is free. Just register for an account on OpenWHO and take the course!
Enroll me now
Learners enrolled: 681

Certificate Requirements

  • Gain a confirmation of participation by completing at least 100% of the course material.

Your request has been sent to our support team, and will be answered as soon as possible.

Thank You!

Oops something went wrong.

Back